Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

НЕ Е ВИЦ: Елен со роговите украл пушка на ловџија и побегнал

Триесет и осумгодишниот ловец Д.П. од Купусина вечно ќе го памети вчерашниот настан откако голем елен налетал на него при лов во областа на селото и со роковите му ја одзел пушката.

Овој крајно необичен инцидент се случил во неделата на 18 октомври за време на лов на дивеч. Според очевидци, група ловџии се движела низ полето со пченка кога возрасен елен во полн трк налетал на нивниот колега. За среќа, ловџијата успеал да се заштити, но во моментот да се одбрани замавнал со пушката кон еленот чиј ремен се заглавил во неговите рогови.

– Во прашање беа моменти, да не беше пушката, сигурно ќе загинеше, тврдат неговите колеги. Резултатот од оваа целосно безизлезна состојба бил на крајот поволен и за двајцата. Жив и без повреди, ловџијата и еленот ќе ја паметат оваа средба до крајот на животот, едниот поради загубата на ловечката пушка, а другиот затоа што на своите рогови го зел овој вреден трофеј.

Ловното здружение „Фазан“ наведува дека ваков настан никогаш не бил забележан во нивното друштво.

– Ова никогаш не се случило. Драго ни е што колегата помина без повреди и повторно треба да апелираме до граѓаните да обрнат внимание доколку најдат оружје во околината, да го донесат во здружението. Тешко е да се замисли дека еленот сè уште трча вооружен низ атарот, тој сигурно ја испуштил пушката, тврдат ловците.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...