Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски молчи, а новинарите за смртта на првиот синдикалец на Алфа посочуваат на притисоците на менаџментот

“Загубивме голем другар, борец, синдикалец и пред се човек кого колегите неизмерно го почитуваа, на кого му ја доверија борбата за нивните права како вработени во Алфа ТВ, а која тој без трошка штедење и со многу саможртва ја исполнуваше .
Сале беше професионалец во својата работа, омилен колега меѓу вработените, а пред се беше човек подготвен да им помогне на другите .
Изминативе четири години тој ни беше пример на сите како се води синдикална организација и како се водат и добиваат битки за работничките права .
Како личност беше тивок и мирен, но упорен и истраен и некој кој не трпеше неправди . И тоа му беше главната водилка во синдикалната борба. Велеше: „Лесно е да се откажеш, но не се откажувам, ќе одам до крај, бидејќи сме во право” . И така постапуваше, никогаш не се откажа од борбата.” со овие зборови колегите од самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници се простија од нивниот синдикален лидер во ТВ Алфа.

Од синдикатот се сомневаат дека дел од причините заради кои Сашо Михајловски – Сале, ја загубил битката се и притисоците кои во последниот период ги имал од менаџментот на телевизијта.

“Последната битка му беше организирање штрајк поради неисплатената септемвриска плата на вработените во телевизијата, но и судската тужба до менаџментот на телевизија Алфа за неоснована дисциплинска постапка, преиначена во опомена, откако во изминатите два месеци против него менаџменотот имаше поднесено уште две други дисциплински постапки кои паднаа на комисиско ниво уште во самата телевизија .
Силниот притисок под кој се наоѓаше од страна на менаџментот на телевизијата како синдикален лидер Михајловски го споделуваше со колегите во телевизијата, со нас во ССНМ, но велеше ќе се изборам .
И се избори многу пати, тоа најдобро го знаат колегите од Алфа ТВ кои со него загубија вистински синдикален лидер и свој заштитиник . “ се вели во реакцијата на ССНМ.

Молк и игнорирање од Мицкоски после текстот на медиа.мк

Пред два дена media.mk информираше дека состојбата во ТВ Алфа е исклучително лоша и дека на телевизијата и се заканува штрајк. Посочивме на проблемите со финансирањето и сопственичката структура, а два дена подоцна почина и првиот синдикалец во партијата. Два дена Мицкоски и неговите блиски соранотници во менаџментот на Алфа не најдоа причина да објаснат за проблемите со кои се соочува медиумот.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...