10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ИСТРАЖУВАЊЕ: Пациентите кои прележале корона ИМАЛЕ СИМПТОМИ ДО ТРИ МЕСЕЦИ ОТКАКО БИЛЕ ЗАРАЗЕНИ

Според резултати од истражување од Велика Британија, повеќе од половина од пациентите со Ковид-19 отпуштени од болница сепак имале симптоми како што се отежнато дишење, замор, вознемиреност и депресија, два до три месеци откако биле заразени.

Студијата, предводена од научници од британскиот универзитет Оксфорд, го разгледа долгорочното влијание на Ковид-19 кај 58 хоспитализирани пациенти. Резултатите од студијата за Оксфорд покажаа дека два до три месеци по појава на Ковид-19, 64 проценти од пациентите страдале од отежнато дишење, а 55 проценти пријавиле значителен замор.

Магнетната резонанца покажа абнормалности во белите дробови кај 60 проценти од пациентите со Ковид-19, 29 проценти во бубрезите, 26 проценти во срцето и 10 проценти во црниот дроб.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести