Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Очаен Јувентус: На Пирло никој не му верува! Дали се на повидок нови смени!?

Ако бодот со Рома во Рим и можеше да се прифати како нешто не така лошо, тогаш синоќешното реми со Кротоне ги дигна на нозе сите во Јуве, а посебно разочарани и гневни се фановите на „бјанко – нерите“. Реално Јуве во првите четири кола има само една победа, таа “службената“ со Наполи која допрва ќе се разрешува по судови.

Тоа значи дека Јуве има очаен старт предводен од Андреа Пирло. Веќе се говори дека Пирло нема, барем засега, капацитет да ја задржи титулата во Серија А, а уште помалку да го нападне пехарот во Лигата на Шампионите.

„Јас сум убеден дека ќе бидеме прваци“ постојано изјавува новиот стратег на Јуве, но и тој е свесен дека малку кој му верува на тие зборови, а најмалку тој си верува што зборува.

И кога е така, а така е, тогаш нормално е полека, но сигурно е да се говори за нови смени на клупата на гигантот од Торино.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...