Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Гутереш: Поделениот свет не одговори на пандемијата, ДА НЕ ОСТАВИМЕ МИЛИОНИ ДА СЕ СООЧАТ СО ГЛАД

Поделениот свет не успеа да одговори на предизвикот за борба против пандемијата на Ковид-19, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и укажа дека е потребна конкретна акција за да се спречат милиони лица да се соочат со сиромаштија и глад.

Гутереш рече дека можеше да се постигне многу повеќе ако земјите беа обединети во борбата против пандемијата.

Пандемијата на Ковид-19 е најголемиот глобален предизвик за целата меѓународна заедница, за мултилатерализмот и за мене, како генерален секретар на ОН, изјави Гутереш за португалската новинска агенција Луса.

Пандемијата е тест кој меѓународната заедница, засега, не успева да го помине, додаде тој.

Генералниот секретар на ОН предупреди дека, доколку не се преземат координирани мерки, коронавирусот може да турне милиони луѓе во сиромаштија и глад, со катастрофални економски последици во следните години.

Гутереш исто така ја критикуваше меѓународната заедница за недостигот на единство во обидот да се справи со другите глобални предизвици, како што се конфликтите во Авганистан, Јемен и Сирија.

Коронавирусот досега е потврден во над 210 земји и територии во светот. Од почетокот на пандемијата заразени се над 39,6 милиони луѓе, а повеќе од 1,1 милион починале. (МИА)

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...