Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Наместо Путин, Лавров ќе дојде ВО ПОСЕТА НА БЕЛГРАД

Медиумската дебата во Србија за тоа дали ќе дојде или не во посета рускиот порестедател Владимир Путин денеска е решена, јави дописникот на МИА од Белград.

На 28 и 29 октомври во Белград доаѓа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и српскиот државен врв, изјави генералниот секретар на Вучиќ, Никола Селаковиќ.

Тој на ТВ Прва ги демантираше обвинувањата дека имало „шумови“ во односите меѓу Белград и Москва, додавајќи дека таа посета немаше да се случи доколку односите меѓу двете страни се нарушени.

Селаковиќ додаде дека Вучиќ двапати се слушнал со рускиот претседател Владимир Путин, но дека Путин најверојатно нема да го посети Белград поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Убеден сум дека Путин ќе дојде веднаш кога ќе биде тоа е можно, кажа Селаковиќ.

Последните неколку дена во медиумите се разви дебата дека рускиот претседател Владимир Путин ја откажал посетата на Србија, која беше закажана за 20 октомври, на годишнината од ослободувањето на Белград, со цел да присуствува на церемонијата на осветувањето на Храмот Свети Сава во Белград.

Октомвриската посета на Путин на Белград ја најави српскиот претседател на својот инстаграм-профил, откако тој во јуни беше во Москва.  (МИА)

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...