Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски ја губи и Алфа ТВ ? Дел од новинарите на излезна врата !

„Многу пари влегуваат, но уште повеќе се трошат. Проблемот е што никој не знае каде тие завршуваат. Извесно е само дека пари за септемвриската плата , нема. Кога ќе ја добиеме никој не знае или пак не кажува “ ни коментираше вработен кој не сака да биде објавено неговото име бидејќи сите кои говореле отворено за проблемите, завршиле на улица.
ТВ Алфа според него имала извонредна можност за да се наметне периодов на пазарот со оглед на фактот дека е единствена во медиумскиот простор која функционира опозициски. За жал, лошите кадровски политики , погрешните менаџерски одлуки и расипничкото трошење на средствата, како што вели довеле до тоа гледаноста на телевизијата да е на исклучително ниско ниво, а нејзиното влијание незначително.

Штрајк и тужби во најава

Последните информации од Алфа говорат дека во телевизијата се подготвува штрајк, а целата ситуација доколку не се реши може да резултира и со прекин на емитување на програмата. Вработените се револтирани заради тоа што во Алфа изминативе месеци влегле многу пари, а никој не знае каде испариле. Само од буџетот за време на изборите, преку ВМРО-ДПМНЕ, Алфа инкасирала 110 000 евра за изборно рекламирање, повеќе дури и од ТВ Сител и Канал 5 кои се десет пати погледани.

ТВ Алфа доби и дополнителни пари од буџетот на државата преку мерка за субвенционирање на медиумите донесена од владата во јуни. Додека Мицкоски од една страна ги критикуваше мерките, Алфа ТВ од друга страна го искористи владиното субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите, со кое се уредуваа условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со Ковид-19 за време на вонредната состојба, за месец јуни, јули и август 2020 година.


Дополнително, како што известуваа медиумите , во Алфа ТВ влегуваат и средства на сопствениците од Унгарија. Имено како нов газда на Алфа фигурира Петер Шац, кој е основач на четири фирми во Унгарија – Рипост Медиа, Нувел Медиа, Мозго Мози и Целје Бт, сите поврзани со медиумскиот бизнис. Но, една од овие компании посебно се издвојува – Рипост Медиа е издавач на еден најтаблоидните и најпрофитабилните медиуми што се појавува на унгарскиот медиумски пазар, Рипост, кој е веб-портал и политички таблоид.

Вработените веќе не гледаат капацитет во менаџерската структура која важи за блиска на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и многу веројатно е дека скандалот ќе допре и до сопствениците од кои ќе се бара поддршка.

Кафенце во штаб, наместо трка по програма и спонзори

Пред околу месец дена, повеќе медиуми го забележаа директорот на ТВ Алфа како влегува во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Јани Бојаџи тогаш се правдаше дека не дошол на средба со Мицкоски. Бојаџи за 24 Инфо рече дека не бил службено туку вообичаено неделите ги користел за возење велосипед, па на крајот од денешната скопска тура се видел со пријатели, за да размени мислење за идеата Македонија и Скопје да станат балкански велосипедски центар.


Бојаџи важи за исклучително близок човек од доверба на Мицкоски така што малку е веројатно дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не бил во тек со случувањата во Алфа.


После губењето на стотици илјади гласови, како и губењето на парламентарните и локалните избори, загубата на медиум како Алфа, би значело голем пораз и за Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски успеа да најде пари за порталите lady, srekja и gradinar, дали ќе најде и за Алфа ?

Христијан Мицкоски веќе беше инволвиран во медиумски скандал за кој пишувавме. Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање за парламентарните избори.

Според фактурата што ни беше доставена порталите lady.mk, srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk инкасирале 1 233 690 денари, пари од буџетот.

Тогаш никој не сакаше да објасни кои се придобивките за ВМРО-ДПМНЕ од платеното политичко рекламирање на lady.mk или srekja.mk и дали немало да биде поцелисходно тие пари да биле насочени во Алфа. Веројатно сега очекувањата се да се најдат средства и за помош на Алфа , но хендикеп е тоа што Јавното обвинителство веќе отвори случај за сомнителното финансирање на порталите.
Доколку тоа не се случи, кружат информации дека повеќе новинари и вработени во Алфа веќе бараат ангажман.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...