Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Македонија го испрати првиот контингент на Армијата во мисијата КФОР на Косово

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на свеченост по повод испраќање на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово.

Обраќањето на премиерот Заев ви го пренесуваме во целост.

„Ми претставува посебна чест што ми е дадена прилика да се обратам на оваа свеченост по повод испраќањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово.

Нашата Армија и досега, посредно, учествуваше во мисијата „КФОР“ преку обезбедување на логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршеше координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување.

Оваа мисија, сепак има посебно значење Армијата на Република Северна Македонија, бидејќи за прв пат директно учествува во мисијата „КФОР“ како 30-та земја членка на НАТО, како армија која е рамноправен член и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот.

Пред упатувањето во оваа мисија припадниците на првиот контингент на Армијата што заминува да исполнува задачи во мисијата КФОР на Косово, поминаа низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбуваа и обучуваа за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата.

Армијата на Република Северна Македонија, синонимот и чуварот на македонскиот суверенитет и државност, ја докажа својата подготвеност, интер-оперативност и способност за извршување на најтешки задачи, во досегашното 18 годишно учество во мировните мисии „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мисиите „Слобода за Ирак“, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина“ и „Унифил“ во Либан.

И до сега, и понатаму како членка на НАТО, Северна Македонија и нејзината Армија свечено ја преземаат обврската во континуитет да го даваме нашиот придонес во безбедносни предизвици што стојат пред НАТО.

Заедно сме посилни.

Почитувани,

Северна Македонија е целосно посветена на своите обврски како нова земја-членка на НАТО, вклучително и во поделбата на товарот, и придонесува како достоен сојузник. Ќе продолжиме да се вклучуваме во операциите и мисии на НАТО и да се прилагодуваме на безбедносните приоритети.

И покрај предизвиците за економијата поради пандемијата, остануваме доследни на исполнување на обврската да го зголемиме буџетот за одбрана за 0,2% и да достигнеме 2% од БДП до 2024 година.

Важен дел од ова издвојување, околу 50%, се за подобрување на стандардот на професионалците од Армијата, 30% се предвидени за повеќе и подобри обуки и тренинзи, а околу 20% се наменети за модернизација на Армијата.

Со тоа ќе ги зајакнеме капацитетите и можностите на нашата армија со подобрување на професионални стандарди на нејзините припадници, и со тоа ќе го зголемиме нашиот придонес за интер-операбилност со другите сојузници во НАТО.

Почитувани,

Припаѓаме на регион кој сè уште се соочува со различни предизвици и затоа сме убедени дека постои потреба за негова јасна перспектива во НАТО и ЕУ.

Западен Балкан не е изолиран остров. Тој е неразделно поврзан со западноевропските и трансатлантските вредности.

Северна Македонија ќе продолжи да биде силен промотор на регионална политичка и одбранбена соработка и дијалог, преку структурирање на регионални активности и иницијативи.

Како никогаш порано, нашиот регион е во можност да ја искористи таквата платформа што произведува ефект на поврзување заснован на заедничката волја да се стреми кон евроатлантска интеграција.

И ова учество на Армија на Северна Македонија во Мисијата КФОР е нашиот придонес во таа насока.

Почитувани офицери и војници на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово, ви посакувам успешно извршување на вашите задачи со нашите сојузници.

Убеден сум дека ќе ја продолжите традицијата на успешност на сите наши досегашни мисии“.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...