Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Луѓето со ОВАА крвна група имаат ПОМАЛ ризик од зараза со КОВИД-19

Според новата студија од Данска, луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик од заразување со ковид-19. Тие, исто така, имаат намален ризик од сериозни компликации како што се откажување на органите – па дури и смрт.

Данските истражувачи користеле податоци од 473.000 лица тестирани на ковид 19, кои ги споредиле со податоците од контролната група од над 2,2 милиони луѓе од општата популација.

Резултатите од друга студија исто така сугерираат дека луѓето со крвни групи А и АБ, кои заедно сочинуваат нешто помалку од 45 проценти од популацијата во Велика Британија и САД, имаат поголем ризик од тешки симптоми и компликации од коронавирусна инфекција – како што е потребата за респиратор – отколку оние со тип О или Б.

Наодите се базираат на растечко истражување кое открива поврзаност помеѓу крвната група и ризикот од коронавирус, како и очигледниот заштитен ефект на крвната група О. Приближно половина од луѓето во Велика Британија и САД имаат крв од типот О.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...