Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На светскиот ден за борба против сиромаштија СДСМ може да се пофали со над 450 илјади граѓани на раб на егзистенција

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ – реакција на прес коференцијата на Јована Тренчевска

СДСМ со своите политики не само што не ја намали сиромаштијата во Македонија, туку таа бележи енормен пораст.

Извештајот на Светската банка прогнозираше дека до крајот на годинава сиромаштијата ќе достигне 23% од населението, факт што говори дека над 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција.

За само една година трагичните економски политики на премиерот на една од најсиормашните земји во светот Заев, ја зголемија сиромаштијата за дури 6 %. Македонската економија се соочува со рецесија која не е видена од 2001 година.

СДСМ да се грижеше за најранливите немаше да остави над 40.000 граѓани без своите работни места за само неколку месеци. Откако власта ги намали пензиите на пензионерите, сега се обидува да ги поткупи со лажна грижа од платежните картички кои не се долгорочно решавање на проблемите на граѓаните.

Попусто СДСМ се фали со укинување на радиодифузната такса, кога ја  зголеми цената на струјата само за да народот плаќа повисоки сметки, а сиромаштијата да се зголемува.

Четвртиот пакет на мерки како и сите претходно за време на коронакризата беа ненавремени, задоцнети и недоволни, СДСМ остави на цедило над 14.000 мали претпријатија сами да се справуваат без никакни приходи.

0,2 проценти пораст на животниот стандард за овие неколку години додека е СДСМ на власт не е борба против сиромаштијата.

Мафијата  на власт се бори само за зголемување на своите сметки и капитал, купувањето и градењето  на хациенди, набавката на луксузни возила од страна на функционерите на СДСМ не е борба против сиромаштијата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...