Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

БИТОЛЧАНИ РЕКОРДЕРИ ВО БРЗО ВОЗЕЊЕ: За еден час 90 казни

Министерството за внатрешни работи продолжи да врши засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Битола информира дека се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

–До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата. Само за еден час во денешната акциска контрола во Битола се изречени 90 санкции, пред се за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и други сообраќајни прекршоци, посочи Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше битолчани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и потсети дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. 

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...