Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Швајцарски доктор: Вирусот не се шири сам, НИЕ ГО ШИРИМЕ

Европа е во пресвртна точка во борбата против коронавирусот, изјави денеска директорот на најголемиот болнички комплекс во Швајцарија, Бертранд Левра, признавајќи дека заморот расте поради мерките за борба против вирусот.

Сепак, тој инсистираше на тоа дека луѓето мора да се борат против инфекцијата, во време кога Швајцарија се соочува со рекорден дневен број на новоинфицирани.

– Вирусот не се шири сам, ние го шириме. Тоа е реченица што не ја повторуваме доволно, изјави Левра за АП.

Тој додаде дека денес сè зависи од тоа колку луѓето ги почитуваат здравствените мерки што овозможуваат економијата и животот да одат по својот тек воопшто.

– Ако не се справиме соодветно со кризата, ќе бидеме изложени на ризик да влеземе во ситуација која ќе биде потешко да се контролира. Навистина сме во пресвртна точка – работите можат да одат на два начина. Здравствените служби мораат да бараат начин да продолжат да бараат контакти и да го спречат ланецот на пренос, рече Левра.

Рекордни 3.105 нови случаи на коронавирус се регистрирани денес во Швајцарија, а големото зголемување на бројот на новоинфицирани во таа земја, но и во другите европски земји трае веќе неколку недели.

најчитани вести

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...

Забава

Иако велат дека убавината е во очите кој ја гледаат, во овој случај дури и науката докажала дека таа има совршено тело. Ако прашате...

Забава

Пејачката објавила видео кое ги “вознемири“ сите. На Јелена Карлеуша и недостасува летото, а на нејзините следбеници голотија на Инстаграм. Пејачката на својот Инстаграм...

Забава

Пејачката Сандра Африка за свој дом ја одбра населбата која е многу популарна меѓу познатите. Соседите велат дека речиси секојдневно ја сретнуваат во кафулињата,...