Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Франција најави МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ФИРМИТЕ ШТО ИМАЛЕ ШТЕТИ ПОРАДИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Меир вети милијарда евра дополнителна помош за компаниите чиј промет опаднал од воведувањето на полицискиот час во Париз и осум други големи градови за да се запре ненадејното ширење на коронавирусот.

Ле Меир исто така рече дека компаниите во угостителството погодени од проблеми, ќе бидат ослободени од плаќање придонеси ако нивните приходи поради полицискиот час се намалат за повеќе од 50 проценти.

Воведувањето на полицискиот час е одговор на претседателот Емануел Макрон на проблемот со кој се соочуваат земјите низ цела Европа, обидувајќи се да ја одржи економската активност и да ги заштити работните места, истовремено забавувајќи го ширењето на инфекцијата и намалувајќи го притисокот врз преоптоварените здравствени системи.

„Новите мерки ќе чинат околу милијарда евра и ќе бидат на сила се додека не се укине полицискиот час“, рече министерот за финансии на прес-конференција.

Тој исто така им порача на банките да ја одложат наплатата на каматите за заеми што покрај државните гаранции, им ги одобрија и на проблематичните компании во хотелската, угостителската и индустријата за организирање настани.

Француската банкарска асоцијација (ФБФ) во коментар испратен до Ројтерс преку е-пошта посочува дека „банките го делат ставот дека флексибилноста треба да биде правило“.

Француските банки одобрија повеќе од 120 милијарди евра заеми оваа година со државни гаранции.

Постојаниот дијалог меѓу компаниите и нивните банкари е клучен за да се најдат најдобрите решенија за отплата на заемот, додаде ФБФ.

„Банките се убедени дека можат да преземат конкретни мерки, како и при доделувањето заеми со помош на државата, во совршена координација со државните органи и компании“, велат тие.

Премиерот Жан Кастекс рече дека граѓаните може да го пробијат полицискиот час само кога е во прашање работата, да патуваат со воз или авион, да им треба медицинска помош или дури да шетаат куче, но во случај на полициска проверка ќе мора да покажат документ од Министерството за внатрешни работи со кој се ослободувааат од забраната.

Францускиот министер за внатрешни работи рече дека 12.000 полицајци ќе го контролираат спроведувањето на полицискиот час во Париз, Тулуз, Марсеј, Монпелје, Гренобл, Руан, Лил, Лион и Сент Етјен.

Ова значи дека мерката ќе опфати околу 20 милиони луѓе, скоро третина од населението на Франција.

Казната за прекршителите е 135 евра.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...