Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Седум фудбалери на Јувентус, меѓу кои и Роналдо, под истрага за прекршување на здравствените правила!

Седум играчи на Јувентус се под истрага за кршење на „меурот“ пред паузата за репрезентативни средби пред две недели. Јувентус отиде во доверлива изолација откако двајца членови на надворешниот персонал беа позитивни на Ковид-19 пред две недели. Без дозвола, Родриго Бентанкур, Хуан Куадрадо, Данило, Пауло Дибала, Мерих Демирал и Кристијано Роналдо го напуштија хотелот за да играат за своите репрезентации, додека Џиџи Буфон си заминал дома.

Според „Газета дело Спорт“, играчите ќе бидат казнети доколку бидат прогласени за виновни од јавното обвинителство во Торино, кое ја продолжува истрагата. Во исто време, Федералниот обвинител на ФИГЦ отвори друга истрага за да провери дали Роналдо и неговите соиграчи не ги почитувале регулативите против Ковид-19 изготвени од федерацијата. Дури и ако се утврди одговорност на играчите, тоа нема да му се припише на Јувентус бидејќи клубот го информираше Здраствениот инспекторат од Торино за однесувањето на играчите.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...