Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС и целосно затворање

Премиерот Зоран Заев е против целосно затворање на државата поради зголемениот број на случаи на коронавирус, бидејќи, според него тоа ќе се одрази на економијата.

Ова тој го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведат нови мерки за заштита од епидемијата на коронавирус и додаде дека  загрижувачки се новите бројки и тоа покажува дека сите треба да ги почитуваме мерките кои веќе се на сила, односно носење маска и држење растојание.

– Ако Комисијата за заразни болести предложи мерки кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние како Влада ќе ги прифатиме. Но, нема да брзаме со полициски час и целосен локдаун, бидејќи тоа ќе се одрази на економијата, рече Заев,  кој денеска заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски беше во обиколка на претоварна станица во Скопје каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Вчера беа регистрирани 535 нови случаи на ковид-19 во земјава, најмногу од почетокот на епидемијата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...