Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НОВИ МЕРКИ НА ФИЛИПЧЕ: Ништо да не работи после 23 часот и забрана за настани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека состојбата со коронавирусот се следи, а доколку викендов се влоши состојбата во понеделник ќе се предложат нови рестриктивни мерки.

– Ќе се предложат дополнителни рестриктивни мерки по евалуација на ситуацијата во следните денови и викендов, во понеделник ако има потреба ќе бидат предложени до Владата. Мерки се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот, изјави Филипче.

Тој рече дека има сериозен процент на новозаболени кои не знаат да кажат каде се заразени.

-Со овие мерки таргетираме места каде има групирање и влијаеме на повеќе места да се намали ризикот на трансмисија. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаи овој пакет на мерки заедно со претходниот сериозно ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот, објасни министерот за здравство.

Филипче додаде дека претходниот пакет на рестириктивни мерки е поднесен за законски измени до Собранието и очекува веќе следната недела истите да бидат изгласани во законодавниот дом.

Овој, прв, пакет мерки се однесува на задолжително носење заштитна маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...