Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Кинески град на работниците и ризичните групи им нуди ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ВАКЦИНА ЗА 60 ДОЛАРИ

Кинескиот град Џјасин им понуди на работниците и други високо ризични групи експериментална вакцина за коронавирус на Синовак Биотех за 60 долари, како дел од националната програма.

Центарот за спречување и контрола на болести во Џјасин во соопштение наведува дека две дози од кандидатот за вакцина КоронаВак чинат 200 јуани (29,75 долари) по доза. Се објаснува дека е почната имунизација на клучни групи, вклучително и на здравствени работници.

Кинеските власти досега не ја откриваа точната цена на потенцијалните вакцини.

Стотици илјади Кинези и други досега примија експериментални вакцини во последните фази од испитувањата како дел од програмата за итна имунизација од јули. (МИА)

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја. Азим, кој бил четврти во редот за државниот...