Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките

Соопштение за јавност од СДСМ

Бројката на новозаразени со корнавирусот во цела Европа, во земјите од регионот и кај нас, континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата, а најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е почитувањето на ковид протоколите, носењето маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не биде во состојба да му овозможи нега секому кому е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени.

Почитувањето на мерките, носењето маска, држењето дистанца и редовната дезинфекција остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи.

Заради поголема заштита на јавното здравје, Владата усвои нови мерки кои ќе стапат на сила откако ќе се усвојат законските измени во Собранието.

Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, а во која насока ќе одиме и колку брзо ќе се стабилизира, овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи.

Ова е заедничка борба на сите граѓани и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје – носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

најчитани вести

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...