Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ПРИЛЕП: Еден УБИЕН, еден РАНЕТ

Едно лице го загубило животот во тепачка што се случила во Прилеп помеѓу две групи. При интервенцијата полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата да продолжат да се тепаат. Причината за пресметката засега не е позната.

Според информациите на МВР, вчера 20: 38 часот во полиција било пријавено дека во населба Тризла во Прилеп настанала тепачка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...