Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЕК: Нема брз лек, НО СПАСОТ Е ВО ВАКЦИНАЦИЈАТА

Спасот од пандемијата Ковид-19 не е во вакцините, туку во вакцинацијата. Ова го изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис, на презентацијата на предлогот на Европската комисија за акција од европските земји за обезбедување вакцина против новата болест.

Таа истакна дека главната цел на ЕУ ќе биде да следи дали вакцината, кога ќе биде одобрена и испорачана, е навистина безбедна. Според неа, се додека нема вакцина, спроведувањето на познатите мерки останува клучно.

– Сите сме уморни од мерките, но ако не ги спроведеме, ќе ги изгубиме најблиските. Секој од нас е дел од решението, рече Киријакидис. Таа повика на јасни информации до граѓаните и борба против дезинформациите.

Европскиот комесар ги повика земјите од ЕУ однапред да ги проверат можностите граѓаните брзо да бидат опфатени со кампањи за вакцинација.

– Нема брз лек, но вакцинацијата ќе ги олесни здравствените системи и ќе и помогне на економијата да закрепне, да го врати чувството на предвидливост, додаде комесарот.

Според неа, треба да се предвидат настаните за да се избегне повторување на последиците од наметнување општ карантин.

Потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас истакна дека Комисијата досега презела повеќе од 800 мерки во врска со пандемијата и одобрила 373 решенија за државна помош.

– Со напорите на ЕУ, спасени се животите на стотици илјади луѓе, а 600.000 Европејци се вратени дома, рече тој.

Според него, Комисијата обезбедила прелиминарни договори за набавка на речииси една милијарда дози вакцина.

– Ние би сакале вакцините да бидат безбедни, јавно достапни и бесплатни, додаде тој.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...