Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Во рекордните дневни бројки на новозаразени, НАЈЗАСТАПЕНА Е ГРУПАТА ОД 30-39 ГОДИНИ

Бројот на новозаразени од Ковид-19, продолжува назадржливо да расте. Освен што во последната дневна статистика што ја објави Министерството за здравство се регистрирани рекордни 445 новозаразени, бројките покажуваат дека речиси 20 проценти од тестираните пациенти се позитивни на корона вирусот, регистрираните 445 случаи биле од 2.441 направен тест. Во истиот извештај се наведува дека во болнички услови починале девет лица.

И понатаму најголемиот број на активни случаи се регистрирани во Скопје, близу две илјади, а само во последните 24 часа во главниот град има 249 новозаразени со корона вирусот. По Скопје, со најголем број активни случаи, 281, е Струмица, по што следат Тетово со 226 и Куманово со 168 осум активни случаи.

Ситуацијата со активните случаи во скопските општини вели дека на прво место со активни случаи со Ковид-19 е Општина Аеродром, со вкупно 400 активни случаи. Потоа следи Општина Центар, со 352 активни случаи, Карпош со 344 пациенти со корона вирусот, Кисела Вода, со 232, Гази Баба со 180 случаи. Најмал број активни случаи во другите скопски општини има во Шуто Оризари, 13 активни случаи, Бутел 73 и Чаир 84 активни пациенти со Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 21 636, на оздравени пациенти е 16 591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236.

Според последните податоци објавени од Институтот за јавно здравје, најзастапена група меѓу новозаразените од Ковид-19 се лица на возраст 30-39 години. Истовремено од ИЈЗ посочуваат дека во последниот период се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=440; 19,6 отсто), 20-29 (n=414; 18,5 лотсто), над 60 (n=405; 18,1 отсто) и 50-59 (n=343; 15,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4 отсто) и 10-19 години (n=132; 5,9 отсто). Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1 отсто), регистрирани се 94 (7,1 отсто) хоспитализирани, а кај 319 (23,7 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1 отсто) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6 отсто) лица со историја на патување (во последни 14 дена) – информираа од Министерство за здравство.

Во однос на минатата недела, пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...