Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонска пошта е НОВИОТ БОНБОНА БИЗНИС

Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија. Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти. Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, ликвидноста на Македонски пошти е во слободен пад. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија.

Економски Ја клекнаа  Македонија на колена. Над 40.000 лица останаа без работа, создадоа 1 милијарда евра нов долг, а во второто тромесечие бележеа пад на БДП од 12,7%.

Се што фати мафијата на власт или го искраде или го запусти“ – се наведува во нивното соопштение.

најчитани вести

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...