Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Што точно значи КОГА НЕКОЈ ВЕ СОНУВА

Толкувањето на соништата е тема која често ги фасцинира луѓето, но само кога станува збор за нивните лични соништа. Признајте, колку и да ви изгледаат интересни вашите соништа, воопшто не ве интересира какви авантури минал некој кој го познавате минатата ноќ, за време на спиењето. Единствениот начин на кој можеби ќе ве интересира е доколку таа личност ви каже дека и вие сте се појавиле во тој сон.

Што всушност значи кога некој друг ќе ве сонува? Дали сте некоја посебна личност во неговиот живот, а не ни знаете, или сте само додаток во филмот на неговата потсвест?

Сигурно ви се случило еднаш колега или пријател да ви каже дека ве видел во сон. Можеби се чувствувавте посебно за момент, или започнувате да ја прашувате таа личност што точно се правеле во сонот. Подоцна, веројатно се прашувате каква улога имате во животот на таа личност и зошто таа личност сонува за вас.

Мораме да ве разочараме

Важно е да се напомене дека во соновите најважен е контекстот. Многу психолози, но и духовници веруваат дека соништата имаат посебни значења. Нашата потсвест создава сон, а таа не познава повеќе отколку самите.

– Соништата се симболични, лицето што се појавува не е тоа навистина“, изјави психологот д-р Воката Џорџ за Хафингтон пост.

Таа верува дека ако сакате да декодирате сон, треба да се запрашате каква емоција, мисла или чувство  поврзувате со личноста што сте ја виделе во сонот. Обично лицето кое се појавува во сон е споредно како личност и е важно во однос на тоа што ви претставува.

Ако некој ви каже дека ве сонувал, вие како личност немате многу врска со тоа. Речиси е невозможно да откриете што потсвесно симболизирате кај таа личност и нема потреба да размислувате премногу за тоа.

Значи, ако некој ви каже дека св сонувал, не го сфаќајте тоа премногу сериозно. Не станува збор за вас, туку за нив. И, искрено, тоа не ви значи ништо.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...