Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

КУЗЕСКА: Со ребалансот на Буџетот, 470 милиони евра се обезбедуваат за поддршка на граѓаните и стопанството

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитуванa јавност,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува сo силна, ефикасна и навремена поддршка за компаниите погодени од негативните економски последици од коронавирусот.

Со ребалансот н буџетот, 470 милиони евра се наменети за реализација на четвртиот пакет економски мерки за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството.

Една од мерките за помош на приватниот сектор, во овој четврт пакет е Државната кредитна гаранција.

Со оваа мерка на располагање се ставаат 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.

Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Покрај кредитната, следува реализација и на мерката Државна царинска гаранција, којa има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони евра државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг, го поддржуваме извозот и увозот и истовремено, го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет , е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината.

Почитувани граѓани,

И во услови на светска економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ со одговорно управување со јавните финансии, помага на секој поединец, на секоја компанија која има потреба од помош и поддршка.

Тоа, во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро, за да спасиме што повеќе работни места, да поддржиме што повеќе компании.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...