10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

КРАДЕЛА АРТЕФАКТИ, ЈА СНАШЛА НЕСРЕЌА: Не сакам проклетството да ги снајде моите деца

Канаѓанката Никол одлучила да врати неколку артефакти од античкиот град Помпеја, бидејќи, како што вели, тие биле полни со негативна енергија и биле виновни за несреќите кои и се случувале со години.

Таа врати две парчиња  од мозаик, фрагменти од амфора и парче керамика до една туристичка агенција во град на југот на Италија, а со нив и писмо во кое признала што сторила.

Имено, на дваесет години, таа го посетила Археолошкиот парк на Помпеја во 2005 година и од таму зела неколку сувенири. Таа вели дека кражбата предизвикала низа лоши искуства што ги доживеала оттогаш.

Никол верува дека „проклетите сувенири“ се виновни за низата немили настани со кои морала да се бори со години, вклучувајќи сериозни здравствени проблеми и финансиски тешкотии.

– Ве молам земете ги, тие носат несреќа – напишала Никол и објасни дека сакала да има парче историја што никој друг го нема, но дека артефактите испаднало дека се полни со негативна енергија.

Во писмото таа напишала и дека била млада и глупава и дека бара прошка затоа што не сака проклетството да им биде пренесено на своите деца.

– Сега имам 36 години и двапати имав рак на дојка, а вториот пат и двете гради ми беа ампутирани – напиша таа и додава:

Без разлика дали злобната судбина е резултат на случајност или проклетство на несреќниот град, нема докази, но во секој случај, кражбата ми нанесе повеќе штета отколку корист.

Илјадници туристи кои ја посетуваат Помпеја носат дома не помалку од прекрасни спомени од нивните патувања, но тие често носат поинакви „сувенири“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести