Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДЕН ДОНЧЕВ НЕДОСТАПЕН ЗА АНТИКОРУПЦИСКА

Поранешниот директор на Фондот за здравствено и инвалидско осигурување, Ден Дончев, да дојде во Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси за да ги даде бараните податоци околу приливите на средства со кои се стекнал додека ја вршел функцијата, јавно повика антикорупционерот Горан Трпеноски, кој го води предметот отворен по пишувањето на Фокус дека Дончев примил пари од австралиска компанија кои притоа не ги пријавил во анкетниот лист.

-На 14-ти мај 2020 година, ДКСК отвори предмет во врска со наводи дека лицето Данаил Дончев се има стекнато со приливи додека вршел јавна функција. Со цел обезбедување дополнителни информации, Комисијата во два наврати, односно на 8-ми јули и 15-ти август годинава се обрати до Дончев и во двата наврати од страна на „Македонска пошта“ лицето Данаил Дончев е известен, но пратката не е побарана. Бидејќи не е достапен, го повикам јавно да дојде во Комисијата и да ги даде бараните податоци – вели Трпеноски.

Инаку, неделникот Фокус во март годинава објави дека Управата за финансиско разузнавање го известила Обвинителството за организиран криминал дека Дончев примил околу 3 милиони денари од компанијата регистрирана во струмичко Муртино за интернет-портали „Ремаркет“, која пак се финансирала исклучиво од австралиската компанија „Мегантик“.

Повеќе на Фокус

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...