20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Пандев во Џенова добива звучно име за соиграч

Според последните информации, Џенова е многу блиску да го ангажира поранешниот бразилски репрезентативец Александре Пато. Бразилецот кој во моментов е без клуб, се поврзува за враќање во Италија, иако за него има силен интерес и од Турција.

Пато во минатото беше дел од Милан, меѓутоа повредите, се чини, придонесоа неговата кариера да не се одвива во посакуван правец, па така потоа се врати во Бразил. Кратко мина и во Челзи, но далеку од она што се очекуваше.

Ако потпише за Џенова, некогашниот бразилски репрезентативец, кој има 12 настапи за селекцијата, би можел да биде во тандем со нашиот Пандев и тимот да има искусен напад во битката, првично, за опстанок во Серија „А“.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести