Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Прв човек кој два пати се заразил во САД, ВТОРИОТ ПАТ СИМПТОМИТЕ СЕ ПОТЕШКИ

Еден 25-годишен маж во Невада е идентификуван како првиот човек во САД што заболел двапати од Ковид-19, се наведува во студијата објавена во медицинското списание „Лансет“.

Откритието укажува на тоа дека заразувањето со вирусот „не може да гарантира целосен имунитет во сите случаи“, пишуваат авторите на студијата. Исто така, се доведува во прашање вредноста на кој било потенцијален извор или индикатор за имунитет – без разлика дали тоа е тестирање на антитела, употреба на крвна плазма како третман, или можеби дури и вакцина, вели Сем Бејкер од Аксиос.

Луѓето кои биле заразени „треба да преземат идентични мерки на претпазливост“ како и оние кои никогаш не го имале вирусот, потенцираат истражувачите.

Случајот во Невада е петта потврдена реинфекција во светот, откако научниците ја документираа првото повторно заразување во Хонг Конг во август.

Пациентот од Невада првпат бил позитивен на тестот на 18 април, и повторно на 5 јуни. Во меѓувреме тој имал два негативни теста, се наведува во студијата.

Неговите симптоми биле потешки за време на втората инфекција.

Откритието може да има значителни импликации во однос на ефикасноста на потенцијалната вакцина против коронавирус, која можеби нема да резултира со ниво на имунитет од 100 отсто за сите лица, потенцираа истражувачите.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...