Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Не можеле да го најдат добитникот на Нобелова, МУ ТРОПАЛЕ ДО 2 НА ПОЛНОЌ (ВИДЕО)

Годинешни добитници на Нобелова награда за економија се Американците Пол Милгром и Роберт Вилсон, од Универзитетот Стенфорд.

Тие беа наградени за нивната работа на аукциски модели, како од теоретска гледна точка, така и кога станува збор за нови аукциски формати.

Наградата вреди околу еден милион евра, а заслугата им припаѓа на двајцата, најмногу затоа што продавачите, купувачите и даночните обврзници од целиот свет имаат корист од нивните пронајдоци.

Она што е интересно, сепак, е што не можеа да го најдат едниот од нив, Пол Милгром, за да го известат дека станал нобеловец, па соседите, меѓу кои и уште еден добитник на наградата, го бараа во зградата во 2 часот по полноќ.

Имено, Вилсон постојано тропаше на неговата врата среде ноќ, сè додека не го разбуди, а потоа  рече: „Би сакал да знаеш за наградата … Тие се обидоа да те најдат, но не успеаја. Тие го немаа твојот телефонски број, па им го дадовме “, рече Вилсон додека стоеше во мракот пред вратата на Милгром.

Милгром само кратко одговори: „Леле, океј …“. Тој и ветил на сопругата на Вилсон дека ќе одговори на телефон кога ќе му се јават за да му кажат дека ја добил Нобеловата награда.

Милгром артикулираше поопшта теорија за аукции што дозволува аукции и стоки кои имаат приватна вредност, а се разликуваат од купувач до купувач.

најчитани вести

Забава

Марија Шерифовиќ ја посетила слаткарницата на својата мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, за да научи да прави торта, но и се случил еден пех....

Забава

Овен Ноември носи хармонични моменти со семејството, пријателите и партнерот. Наоѓате утеха во нив, и секогаш кога имате лош ден, тие се тука за...

Забава

Актерката Јелена Јованова или како што уште сите ја знаат – Јелена од Драчево, поради ликот кој го толкуваше во серијата „Преспав“, денес слави...

Балкан

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, за РТС вели дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија. Тој исто така посочува...