Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски: Од бугарски политичари дознав дека Бугарија бара нов договор

Проблемот кој го имаме со источниот сосед, не е таму проблемот само Гоце Делчев, таму имаме низа проблеми и за сите тие проблеми треба внимателно да ги следиме и да реагираме. Затоа што овој пат ни треба поддршката од целата македонска јавност. Ние не смееме да оставиме политичари кои буквално да дивеат спасувајќи ги своите политички кариери уништувајќи нација асимилирајќи нација уништувајќи ја современата македонска држава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само интервју.

Тој укажа дека Зоран Заев во изминатите 4 години кажа многу работи, а во суштина гледаме многу проблеми.  Кога лажел Заев се поставува прашањето, укажа Мицкоски.

Според него авантуристички не се потпишуваат договори кои во минатото и поискусни политичари не ги потпишале.

-Јас ќе ви ја кажам вистината, дека ова што го бараат е ветување на Заев уште пред изборите во 2016 година. Прво ги загрози шансите за европска перспектива, а да, никој проблем не се игнорира. Еве ќе ви дадам уште една екслузивна информација да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точни дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, посочи Мицкоски.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...