Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Британците си легнале на 2 септември, СЕ РАЗБУДИЛЕ НА 14 СЕПТЕМВРИ

Британците до 2 септември 1752 година го користеле Јулијанскиот календар, а следниот ден преминале на Грегоријански со што ги изгубиле сите денови измеѓу.

Причината за промената на календарот била желбата Велика Британија да се усогласи со остатокот од Европа. И покрај тоа, оваа промена предизвика негодување кај голем дел од населението кое излегло на протест со слоганот „Вратете ни ги нашите 11 дена“!

Јулијанскиот календар е именуван по Јулије Цезар, кој прв го применил во 46 п.н.е. Сепак, овој календар има вградена грешка што се чита на секои 128 години – имено, поради неправилна пресметка на сончевата година, на секои 128 години има еден ден „вишок“.

Овој проблем е отстранет со грегоријанскиот календар. Грегоријанскиот календар се заснова на 365 дена поделени на 12 месеци. Еден месец има 30 или 31 ден (освен февруари кој има 28 и на секои 4 години 29 дена). Првите земји што го прифатиле овој календар се Франција, Полска, Шпанија и Португалија – дури на крајот на 16 век, додека некои земји чекале над 300 години – како што е Турција, која го прифати календарот дуир во 1927 година.

Ревидираниот јулијански календар, познат како новојулијански е најпрецизниот календар во однос на тропската година. Ако ревидираниот календар се спореди со овие два календари, неговото доцнење во однос на тропската година е само 2,75 секунди, грегоријанскиот 26,75 секунди, додека Јулијанскиот календар доцни дури 11 минути и 14,75 секунди.

Новиот јулијански календар беше усвоен на сеправославниот конгрес, предводен од вселенскиот патријарх Мелетиј IV, одржан во Цариград во 1923 година.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...