Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Бигорски Манастир во недела ќе прославува 1000 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

Во недела, на 18 октомври, ќе се одржи главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот Манастир.

Најнапред, во сабота, на 17 октомври, со почеток во 18:00 ч. ќе биде отслужена архијерејска Вечерна богослужба, на којашто молитвено ќе претстои  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во недела, на 18 октомври, со почеток во 9:00 ч. ќе биде отслужена Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Гостите што ќе присуствуваат ќе бидат дел од историската милениумска прослава на Свештениот Бигорски Манастир, којшто цели десет века е сенароден светилник кој го покажува патот кон возвишеното, светото, благородното, патот кон спасението и обожението во Христа. Но, и за оние коишто нема да бидат во можност физички да присуствуваат, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Свет

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја. Азим, кој бил четврти во редот за државниот...