9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Интер спрема трампа со Торино: Го дава Весино за да го земе Ицо

Одбранбениот фудбалер на Торино Армандо Ицо во јануари може да стане член на Интер. Всушност „нероаѕурите“ сакаат да го земат во размена со свој играч. Тие би го дале Матијас Весино на Торино, а во спротивно да го земат италијанскиот репрезентативец.

Според „Тутоспорт“ двете страни се договориле да се сретнат идниот месец и да пробаат да ја реализираат зделката.

Весино е уругвајски фудбалер кој во Интер доде во 2017 година. Претходно беше член на Фиорентина, а играше како позајмен во Каљари и Емполи.

Ицо  играше за Авелино и Џенова пред да дојде во Торино во 2018 година. Тој имаше одлични две сезони за „биковите“, а оваа сезона одигра само еден натпревар во Серија А против Фиорентина во септември. Тој има и три натпревари за „Аѕурите“.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести