Месут Озил одамна не е тоа што треба да биде. Еден од најдобрите играчи за врска некогаш, стана предмет за потсмев и пример како во модерниот фудбал еден играч може да заработува огромна сума на пари, а да не игра буквално ништо.
Покрај неделните 350.000 илјади фунти кој ги добива од Арсенал, Озил сега добил плус допилнителни осум милиони фунти, затоа што во договорот имал клаузура, таканаречена лојалност во која стои дека ќе му биде исплатена горенаведената сума, ако одработи поголем дел од договорот, што и се случува во моментов.
Озил одби низ годините многу понуди од фудбалски езготичните дестинации, од типот на САД или Блискиот Исток, а сега се гледа и зошто го правел тоа.