Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Му упаднала со венчаница, кума и свештеник на работа – ИЛИ СЕ ВЕНЧАВАМЕ ИЛИ ЧАО (ВИДЕО)

Веројатно уморна од тоа да нејзиниот вереник постојано ја одложува венчавката, девојка во венчаница, со свештеник и кума, буквално дојде да го земе своето момче на неговото работно место, подготвена да се омажи таму, на самото место.

Видеото е снимено во Таргет во Лас Вегас, а на него може да се види како младата со венчаница и маска му упаѓа на својот вереник, а по неа кумата и свештеникот спремни да го благословат бракот.

Младоженецот, од друга страна, во работна униформа, додека вереницата му вели:

– Ме запроси пред две години и сега е време да го направиме тоа или да  раскинеме. Да се земеме или јас заминувам.

Потоа се сврте и ја виде камерата.

– Здраво луѓе, јас само го принудувам конечно да се смири, рече таа.

Сè што младоженецот успеа да каже е една реченица.

– Не можеше ли некој да ме извести за ова?

Парот и нивната придружба потоа ја напуштија продавницата, а снимателот не беше во можност да открие дали тие навистина се венчале или не, што може да се направи веднаш според законот во Лас Вегас.

@boymom_ashley

The best part of my week🤣 part 2 watched this woman hunt her man down that works at target !! #target#bridzilla#lasvegas#fyp#fypシ

♬ original sound – Ashley

најчитани вести

Забава

Марија Шерифовиќ ја посетила слаткарницата на својата мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, за да научи да прави торта, но и се случил еден пех....

Забава

Овен Ноември носи хармонични моменти со семејството, пријателите и партнерот. Наоѓате утеха во нив, и секогаш кога имате лош ден, тие се тука за...

Забава

Актерката Јелена Јованова или како што уште сите ја знаат – Јелена од Драчево, поради ликот кој го толкуваше во серијата „Преспав“, денес слави...

Балкан

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, за РТС вели дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија. Тој исто така посочува...