Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

11 октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Историја

По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентотМане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.

Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

  • Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
  • Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.
  • Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.

Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14 октомври, а Козјачкиот одред – на 17 октомври. Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.

Прослава

Поради самиот факт дека се работи за голем настан од Македонската историја, низ државата се организираат разни свечености и прослави. Традиционално се одржуваат свечени концерти. Повеќе делегации од Македонското Собрание положуваат цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ,Методија Андонов-Ченто, во Паркот на Револуцијата во Прилеп, како и на Спомен-костурницата на паднатите борци од народноослободителната борба во Куманово.Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година. Во Прилеп постои и Меморијален музеј „11 октомври“ во кои се изложени неколку стотици фотографии и значајни документи од народно-ослободителната борба. Прилепскиот градски оркестар организира маршрута од центарот на градот кон Могилата на непобедените. Каде покрај движечкиот оркестар се организира и спектакуларен огномет.

Посебна важност има и свечено положување цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје од страна на повеќе делегации на Владата, на Собранието, на Претседателот на Македонија, на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата и на Град Скопје.

Не изостанува и редовната свечена академија и обраќање на повеќе македонски државници и поранешни партизани во Домот на АРМ во Скопје.Исто така се изведуваат и крводарителски акции.

Во дијаспората

Празникот се прославува не само во Македонија, туку и во целиот свет каде што живеат Македонци. Традиционална прослава има секоја година во главниот град на Велика Британија, Лондон. Македонските друштва од Германија секоја година организираат прослави со богата културно-уметничка програма, каде настапуваат повеќе естрадни ѕвезди од Македонија.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...