Повеќе од 10,53 милиони луѓе ширум светот живеат зад решетки, во затвори со различен степен на обезбедување, каде ги одлежуваат казните за сторените злодела.
Во споредба со 2000-та работите се менуваат, вкупниот број на жени кои отслужуваат казна се зголемил за околу 50%, а бројот на машки затвореници се зголемил за 18%. Бројот на затвореници по глава на жител се разликува од земја до земја. На пример, од демократските држави најмногу ги има во во САД, 698 затвореници на 100.000 жители, додека во Данска има 61.
Условите во затворите варираат во зависност од општата економско-социјална состојба на земјата и од степенот на обезбедување на казнено-поправната институција. Вака изгледаат затворските ќелии ширум светот…