Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Хоти: Загрижен сум за одлуката на американската амбасада да се повлече од набудување на процесот за избор на главни обвинители

Премиерот на владата во Приштина, Авдулах Хоти, ја изрази својата загриженост одкако американската амбасада објави дека ќе се повлече од постапката за избор на членови на обвинителскиот совет на Косово и главни обвинители.

Длабоко сум загрижен за одлуката на американската амбасада да се повлече од набудување на процесот за избор на главни обвинители и членови на обвинителскиот совет на Косово. Нивната грижа треба да се сфати сериозно, објави Хоти на Фејсбук.

Тој посочи дека само транспарентен процес, без никаков судир на интереси или политичко влијание, обезбедува избор заснован на заслуги.

Хоти истакна дека владата, преку Министерството за правда, „работи на реформа на судството, вклучително и проверка на кандидатите“.

Овој процес ќе обезбеди транспарентен судски систем, со внатрешна отчетност и контрола, тврди Хоти. Американската амбасада во Приштина претходно објави дека „поради нетранспарентниот и функционално нарушен“ процес на избор на нови членови на Обвинителскиот совет на Косово и главните обвинители, „ќе престане да го следи тој процес“.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...