Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Сер Маркус Рашфорд од Манчестер: Младиот фудбалер стана витез на Британската империја

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд е одликуван со Орден на британската империја (МБЕ) но не од фудбалски причини, туку од хуманитарни причини. Младиот напаѓач на англискиот национален тим е награден со титулата „сер“ и витештво поради својот ангажман и напорите децата да не останат гладни во текот на распустот и кризата поради корона вирусот.

Тој во период на корона вирус покрена акција за децата кои немаат оброк. Тој вложувал сопствени пари, донирал храна, собирал луѓе околу себе кои сакаат да помогнат и успеа во тоа. Благодарение на неговата акција, бесплатни школски оброци беа достапни и за 1,3 милиони деца во Англија и во текот на летниот распуст. А поради кампањата на Рашфорд, тамошната влада мораше да ја промени одлуката и да продолжи да дели ваучери за хранарина за децата и кога нема настава.

„Како младо момче од Манчестер, никогаш не помислував дека ќе прифатам МБЕ, а не пак да го добијам со 22 години. Ова е посебен момент за мене и мојата фамилија“, изјави Рашфорд.

„Борбата да ги заштитиме и најзагрозените деца е далеку од готова. Би била неправда кон мојата заедница и фамилиите со кои зборував да не ја искористам оваа можност и да зборувам со Премиерот, кој инаку ме препорача за оваа награда, да ги поддржи нашите деца со тоа што ќе го продолжи системот на делење ваучери за исхрана“, вели Рашфорд.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...