Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПОПОСКИ: Потребна е промена на концептот на ВМРО-ДПМНЕ, протестите немаат цел

Екс министерот за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски на синоќешното гостување во “Само интервју” на Канал 5, кажа дека е потребна промена на концептот на функционирање на партијата.

Не одам на протестите на ВМРО-ДПМНЕ зошто мислам дека немаат концепт и создаваат конфузија во членството. Доколку правиме протести тие да имаат цел, изјави Никола Попоски во Само интервју на Канал 5.

По сите природни текови на партијата Мицкоски беше природен наследник на чело на партијата. Би можел да бидам кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ но само по легитимен пат, рече Попоски.

-ВМРО-ДПМНЕ може да направи многу повеќе од ова што е сега. Сметам дека праксата на преголемо затварање и исклучување на голем дел на членови на еден или друг начин, не зборувам само формално исклучување туку и дистанцирање не е формула која не носи на победа. Приоритетот на врвот на партијата треба да биде да го шири тој круг што е можно повеќе. Концептот кој го има ова раководство на ексклузивност, на исклучување на отргнување на што е можно повеќе членови од базата и таа разлика што ја создадовме меѓу раководство и членство мора да се покрие доколку сакаме да победиме на некои следни избори, рече Попоски.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...