Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Ова е руската манекенка која МОРАЛА ДА СКОКНЕ ОД ШЕСТИ КАТ во Дубаи

Руската манекенка, 23 годишната Екатерина Стетсјук, која бегајќи од маж кој сакал да ја силува, скокнала од шести кат во хотел во Дубаи.

Таа тврди дека шефот кој е Пакистанец, кој како сопственик на агенција за модели ја одвел во Дубаи, пробал да ја  силува под закана со нож во хотелска соба, при што подоцна а тој ја обвинил дека сакала да го убие.

Во московската програма „On Air Live“, раскажала дека се спротиставувала на неговите напади, но дека ја повикал во работно време да дојде во хотелот во кој престојувал. 

-Почна сексуално да ме вознемирува, да ми ги допира колената. Сфатив дека морам брзо да одам, вели таа.

-Побегнав во ходник, но тој ме фати за коса и извлечка во собата. Зема нож и ме притисна на ѕид, држејќи ме за врат, почна да ме дави, продолжува таа.

После тоа ја натерал да се соблече.

-Ужасно се плашев, не толку дека ќе ме силува, најмногу се плашев дека ќе ме убие, кажала манекенката.

Таа успеала да се тргне од него и гола скокнала низ прозор, а преживеала само благодарејќи на тоа што паднала на тенда.

Се уште се опоравува во болница од повеќекратните повреди на грбот кога е уапсена. Вели дека два пати е оперирана и дека и вградиле титаниумска плочка во грбот, како повторно би можела да оди.

-Полицијата едноставно ме извлече од кревет. Во тоа време можев само да ги мрднам прстите и вратот. Ме сместија количка, ми го одземаа телефонот и ме однесоа.

Таа додава дека е обвинета дека го нападнала Пакистанецот со нож.

-Тоа е измислица. Тоа е муслиманска земја, во која законот ги штити мажите, вели таа.

Стетсјук се вратила во Русија после три месеци во затвор, додека нејзиниот шеф кој бил депортиран во Пакистан, поминал без казна.

Манекенката сепак признава дека згрешила што ја прифатила работата и вели дека имала „луда среќа“.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....