Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Министерот Филипче пресече: СВАДБИ НЕМА ДА ИМА ПО РЕСТОРАНИТЕ

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за барањата на угостителите и музичарите.

„Во текот на вчерашниот ден имавме средба со независна угостителска комора коишто бараа да се отворат ноќните клубови и да се одржуваат свадби. Апсолутно сметаме дека е тоа неприфатливо. Свесни сме притоа дека доколку има мерки коишто ние ги препорачуваме и некои од компаниите трпат некаква штета, дека тука е државата да им помогне и финансиски и со соодветен план за поддршка. Во таа смисла ќе се одржат и состаноци со економските сектори, со премиерот лично за да им се укаже на тоа колку е битно да се почитуваат овие протоколи. Дека токму на тие настани коишто тие бараат да се одржуваат се случуваат прекршување на мерките и имаме мини кластери од таквите настани, вели Филипче.

Зборувајќи за примери од повеќе земји каде повторно се ограничува работата на угостителските објекти Филипче оцени дека до тоа нема да дојде доколку се почитуваат сегашните протоколи, како и дека нема пренесување на вирусот доколку се седи на маси и доколку нема музички настани на кои се стои.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...