Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Дефакторизираниот и изолиран Христијан Мицкоски ја повлекува со себе и ВМРО-ДПМНЕ ?

Кој уште го бара Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кому уште му е потребно неговото мислење или поддршка ? Ова е прашањето на кое што нема одговор после изборите. Претходните меѓународни турнеи и агенди на Мицкоски веќе не може да се покријат со посета на општинските комитети во Карбинци, Богданци или Чашка. Или Мицкоски не го канат на средби надвор од Македонија или тој се плаши да отиде одбивајќи да ги слушне пораките кои му се упатуваат. Без разлика дали е точна првата или втората претпоставка, факт е дека во последниве две години , по неодлучноста и немањето на став во врска со договорот од Преспа и договорот за добрососедство, меѓународната активност и поддршка на Мицкоски е еднаква на нула. Штетите од меѓународната изолација ги трпи и ВМРО-ДПМНЕ која на овие избори не доби никаква посериозна меѓународна поддршка од сестринските партии. Својот мандат Мицкоски го започна со меѓународни турнеи посети на Вашингтон, Берлин, Брисел и другите центри, а во последнава година нема отидено подалеку од Ново Село. На почеток на мандатот Христијан Мицкоски најавуваше тим на меѓународни советници, но и пред и по изборите никој не го виде, ни слушна Хозе Караско или останатите стратешки соработници.


Додека највисоките владини функционери остваруваат средби со шефот на НАТО и другите меѓународни фактори, медиуми блиски до Мицкоски им даваат емисии на сомнителни лица кои упатуваат навреди кон стратешките партнери на Македонија.

Што порака му упати Вархеи на Мицкоски?

„Добро е што аеродромот има ВИП салон, бидејќи во спротивно Мицкоски ќе мораше да влезе во куќичка на патарина и така да се ракува и да поразговара со еврокомесарот Вархеи“. На овој начин експерти иронично ја коментираат последната „средба“ на Мицкоски со Вархеи, која тешко и дека може да се нарече официјална.


Минатата среда, Комесарот за соседство и проширување на ЕУ Оливер Вархеи беше во работна посета на Република Македонија за до го предаде и презентира Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2020 година.


Во неговата агенда воопшто и не беше најавена или планирана средба со Мицкоски што е доволно сериозна порака. Сепак Комесарот Вархеи се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но за средбата нема никакви детали какви пораки му пренел на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Единствено партијата испрати соопштение со поенти што Мицкоски рекол на таа средба.


Во недостаток на такви информации, при дипломатски средби од ваков вид, пораките кои се упатуваат најчесто може да се извлечат од форматот, местото, времето на средбата и слично.


Комесарот Вархеи најголемиот дел од работната средба го помина во Собранието на Република Македонија, кое е само на неколку метри од канцеларијата на Мицкоски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак за да се сретне со него одбра тоа да биде во ВИП ложата на аеродромот во Скопје, непосредно пред неговото заминување. При средбата, со Вархеи не беше присутен ниту еден соработник од неговиот кабинет, што значи дека средбата била неофицијална и пораките што му ги упатил на Мицкоски нема да влезат во ниту еден документ.


Аеродромите вообичаено се места за средби или за добредојде или за збогување. Дали Вархеи со изборот за средба токму на аеродромот непосредно пред полетувањето на неговиот авион, упати порака дека се збогува со Мицкоски?

Меѓународната изолација беше најава и за крајот на Груевски и Георгиевски

Ова не натера да истражиме за сите средби на Мицкоски со дипломатски претставници во земјата после изборите во Јули. Мицкоски од 15 јули до денес имал точно 9 средби со дипломатски претставници, од кои 7 средби биле од протоколарен карактер, односно проштални средби поради заминување на дипломатите од земјата или куртоазни средби за запознавање со новоименувани дипломатски претставници во земјата.
Единствена друга средба со дипломатски претставник, која може да се окарактеризира како политичка е онаа со актуелниот амбасадор на Велика Британија во Република Македонија, Рејчел Галовеј, оддржана на 5 октомври.


Ако го погледнеме партиското соопштение повторно ќе прочитаме само за тоа што Мицкоски и пренел на амбасадорката Галовеј, но ниту збор што таа му порачала. Од фотографиите лиферувани во јавност ќе видиме дека и на оваа средба недостасуваат партиските меѓународни секретари или потпретседатели на партијата, кои скоро на секоја средба со дипломатски претставник седат до Мицкоски, но и тоа дека со Галовеј нема ниту еден нејзин соработник. Средбата била тет-а-тет и пораките кои Галовеј му ги упатила на Мицкоски биле само за неговите уши.


Зачудува фактот што во изминатиов период Мицкоски нема ниту една средба остварено со Амбасадорот или со претставници на Амбасадата на САД во земјата, а до пред оддржувањето на изборите Мицкоски помеѓу своите најблиски соработници се фалеше дека има одлични односи со амбасадата на САД и дека ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада после изборите.

Средби
07.09 Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на ЕУ – проштална средба
17.09 Норберт Бекман-Диркес, нов директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ – протоколарна средба
23.09 Карло Ромео, Амбасадор на Италија во МК – проштална средба
28.09 Кристиан Тимоние, Амбасадор на Франција во МК – проштална средба
30.09 Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ – протоколарна средба
05.10 Рејчел Галовеј, Амбасадор на Британија во МК
06.10 Милан Предан, нов амбасадор на Слвенија во МК – протоколарна средба
07.10 Оливер Вархеји, комесарот за соседство и проширување на ЕУ
08.10 Сибил Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија во МК

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...