Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

20 СУДИИ СИ ЗАМИНАЛЕ ЗА ТРИ ГОДИНИ, а се вработиле само тројца во Кривичниот суд

Претседателот на Основниот крвичен суд Скопје Иван Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече дека во овој момент Судот располага со 48 судии, од кои една судијка е на трудничко боледување, а според систематизацијата предвидено е да има 70 судии.

Тој посочи дека од неговото назначување за претседател на Судот во ноември 2017 година досега по разни основи си заминале 20-тина судии, а на нивно место дошле само тројца судии.

За испразнетите судски места, како што рече Џолев, досега постојано усно и 10-тина пати писмено упатувале барања до Судскиот совет да делегира судии, а последното барање било испратено пред два дена.

Првото барање од Кривичниот суд до Судски совет го упатиле во септември 2018 година, а одговор од СС добиле во јануари 2019 година и во негој било наведено дека Судот е ажурен и го совладува приливот на предмети.

Во моментов во Кривичниот суд се постапува по 10-тина предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство и според закажаните рочишта и динамиката, како што вели Џолев, постои голема веројатност за пет предмети до крајот на оваа година да има пресуди.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....