Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

УАПСЕНА ЗА ПРИМАЊЕ МИТО, СОВЕТНИЧКА на српскиот министер за земјоделие

Советничката на министерот за земјоделство на Србија,  Дарија Јањиќ Нишавиќ е уапсена денеска под сомнение за сторено кривично дело примање мито, објави Телеграф.рс.

Таа била раководител на Секторот за меѓународна соработка, а веќе неколку години е на позицијата помошник министер за земјоделство.

– Секој ќе биде санкциониран кој ја злоупотребува службената положба, ние активно учествуваме во борбата против корупцијата – беше речено за Телеграф.рс од Министерството за земјоделство.

Во акцијата е уапсено и лицето  Д.Ч. за кривично дело мито.

Како што соопштиле Обвинителството за организиран криминал, постојат основи на сомнение дека осомничената Д.Ј.Н., од осомничениот Д.Ч. примила месечна рата, за однапред ветени придобивки за да помогне во добивање договор во постапката за јавна набавка на Министерството за земјоделство од областа на услуги поддржани од странски фонд за финансирање на земјоделството.

– По наредба на Обвинителството за организиран криминал, по повеќемесечна предистражна постапка, денес околу 12 часот, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, Полициската управа, Службата за борба против организираниот криминал уапсија две лица: Д.Ј.Н, Помошник министер за земјоделство на Република Србија за кривично дело примање мито од чл. 367 од Кривичниот законик и физичко лице Д.Ч. за кривично дело поткуп од член 368 од Кривичниот законик – соопшти обвинителството.

На помошничката на министероот и била ветена исплата на поволности во износ од околу 1.000 евра месечно, во следните две години, додека трае спроведувањето на договорот за јавна набавка.

Осомничените биле приведени од полицијата и со кривична пријава ќе бидат приведени во Обвинителството за организиран криминал.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...