Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Република Грција Јанакакис

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Димитрис Јанакакис. 

На средбата, меѓу другото, беше разговарано за претстојната посета на министерот за цивилна заштита на Република Грција,   г.Михалис Хрисохоидис предвидена за 16 октомври 2020 година во рамки на Состанокот на Министри за внатрешни работи на партнерите на Берлинскиот процес, чиј домаќин е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. 

Двајцата соговорници го потенцираа интензивирањето на соработката меѓу Министерствата за внатрешни работи, но и воопшто помеѓу двете држави, а акцент беше ставен на процесот на интеграција во Европската унија и членството на Република Северна Македонија во НАТО, како и борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и сајбер криминалот. Министерот Спасовски укажа на несмалениот интензитет во заложбите за јакнење на професионализацијата во полицијата, што ќе придонесе за успешно надминување на предизвиците во активностите на Министерството за внатрешни работи

најчитани вести

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...