Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Извештајот на ЕК го препозна напредокот во областа на правосудството, реформите продолжуваат

Соопштение за јавност од СДСМ

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, кој нотира напредок во областа на правосудството, изборите и борбата против корупцијата е доказ за посветеноста и потврда на успешните политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Истовремено, Извештајот е дополнителен мотив за парламентарното мнозинство, Владата, сите институции, да работат уште повеќе посветено на реформите што обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем.

Европската комисија во Извештајот јасно наведува дека со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но и дека многу ќе зависи од неговата соодветна примена.

Извештајот понатаму наведува дека како резултат на реформите во изминатите години Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство и дека треба да се обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат натамошни промени во оваа област.

Во однос на владеење на правото и фундаментални права, односно Поглавје 23, Извештајот наведува дека државата има одредено ниво на подготвеност за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област.

Ова е потврда за успешноста на досегашните реформи и подготвеноста на СДСМ да продолжи посветено да работи на достигнување на европските стандарди.

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, време на целосно прочистување на судството и ефикасно и неселективно владеење на правото.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...