Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

РАСТА НЕ Е САМ: И овие ѕвезди лежеа затвор за убиство, кражба, дрога (ФОТО)

Последните денови се проширува списокот на лица од естрадата кои имале проблеми со законот. Некои јавни личности беа затворени за трговија со дрога, пијанство, нелегално поседување оружје но и други прекршоци.

На почетокот на октомври беше уапсен музичарот Стефан Ѓуриќ Раста, кој сè уште е во притвор за поседување недозволени супстанции. Полицијата извршила претрес во неговиот стан, каде пронашла  дрога.

Денес е уапсен раперот Сале Тру, кој со себе имал голема количина наркотични средства, а се товари за производство и препродажба на дрога.

Романа Паниќ беше уапсена во австралискиот град Бризбејн затоа што таа и нејзиниот партнер Филип Мркајиќ ограбувале банкомати

На модниот дизајнер Дарко Костиќ му се суди за сексуално вознемирување на шеснаесет годишни лица. Тој е обвинет и дека наводно им овозможил на своите жртви да консумираат наркотични средства, кои меѓу другото, се пронајдени во неговиот стан.

Актерот Жарко Лаушевиќ издржа затворската казна за делото двојно убиство. Во своја одбрана, тој сведочеше дека делото го сторил во самоодбрана, за што напиша и во неговата автобиографија.

Пред осум години, Ана Николиќ помина ноќ во полициската станица во Раковица, каде имаше конфликт со полицијата. Кога ја запреле, на пејачката и измериле 2,03 промили алкохол во крвта, по што била чувана будна со нејзиниот брат. Направила општ хаос и се расправала со полицијата.

Поради преголемата количина алкохол во крвта и возење во алкохолизирана состојба, Џеј Рамадановски беше зад решетки, но во Шведска каде  затворите  се поудобни од тукашните хотели.

– Поминав шест и пол години дома, па не ми беше тешко да се навикнам на скандинавските услови. Имавме теретана, сауна, џакузи и солариум во затвор, па некако можеше да живееме – рече тој.

Фронтменот на Рибља Чорба, Бора Ѓорѓевиќ, исто така, бил во истражниот затвор седум дена како средношколец бидејќи со своите пријатели упаѓал во богати станови и од парите што ги стекнал, купил инструменти.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...