На денешен ден, 09.10.1934 година атентаторот Владо Черноземски од пиштол скриен во букет пукаше и го уби во Франција југословенскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ.
Во соработка меѓу ВМРО и хрватските Усташи, Владо Черноземски извршил атентат врз југословенскиот крал Александар, поради неговата политика на Балканот и кон Македонија.
Во атентатот што се случи во францускиот град Марсеј, Черноземски го убил и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Черноземски веднаш бил бил уапсен, потоа мачен и ликвидиран.
За овој настан има испеано песна во која пораката е дека „Македонија не е јужна Србија“. Хегемонистичкиот режим на Кралството Југославија, на чие чело бил кралот Александар, Вардарска Македонија ја третирал како српска бановина, без право на национално самоопределување на Македонците и право на мајчин јазик.