Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Короната не влијае само на физичкото, туку и на МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ, вели психијатарот Бајрактаров

Менталното здравје е од огромна важност за нашето секојдневно функционирање и за квалитетот на живот кој го имаме. Сите треба активно да се вклучат во поддршката на менталното здравје кај себе, своите семејства, пријатели, колеги, заедници и да се трудиме негата и поддршката да бидат достапни за сите, вели со писмена изјава директорот на Универзитетската клиника за психијатрија и претседател на Национална комисија за унапредување на менталното здравје, доц. д-р Стојан Бајрактаров.

Последните неколку месеци, посочува тој, светот активно се бори со ширењето на Ковид-19 и стручните лица напорно работат во изнаоѓање решенија за заштита на нашето физичко здравје.

– Но, промените кои ги искусуваме овој период и предизвиците со кои се соочуваме влијаат не само на нашето физичко здравје, туку и на нашето ментално здравје. Ова е тема која често ја занемаруваме и е проследена со зголемена стигма и со предрасуди. Познато ни е дека милиони луѓе и нивните семејства низ светот страдаат од нарушено ментално здравје и ментални растројства. Денеска 10 октомври е само краток но важен потсетник да инвестираме во менталното здравје во нашата држава, истакнува доктор Бајрактаров.

Потенцира дека како стручни лица вложуваат значителен труд во изнаоѓањето иновативни решенија во адресирањето на ментално здравствените проблеми во овој тежок период.

– Во последните неколку години направивме значителен напредок, со големи вложувања, пред се, во медицинскиот персонал, но и во подобрувањето на условите за работа и можностите за третман, со активна поддршка од Европската Унија, СЗО, УНИЦЕФ и од други значајни интернационални институции, додава д-р Бајрактаров. 

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...